22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWestern Digital ги одвлекува „темните облаци“ преку пазарот на чипови

Western Digital ги одвлекува „темните облаци“ преку пазарот на чипови

Американската технолошка компанија „Western Digital“ даде силна прогноза за профитот за тековниот квартал и за целата година, велејќи дека пазарот на чипови ќе расте побрзо. Со овој коментар, таа го одвлече вниманието на инвеститорите дека побарувачката за мемориски чипови почнува да ослабува, објави „Ројтерс“.

По големиот раст во минатата година, драстичниот пад на цените на некои од чиповите и разочарувачката прогноза за резултатите на „Samsung Electronics“ претходно во овој месец, инвеститорите кои сметаа дека растот ќе продолжи уште најмалку една година, покажуваат загриженост.

Главниот финансиски директор на „Western Digital“, Марк Лонг рече дека секое слабеење на цените всушност би помогнало во индустријата.

„Нормализацијата на пазарот на чипови се очекува и е корисна за индустријата преку создавање на нови можности“, рече Лонг на состанокот со аналитичарите. „Ние ја гледаме оваа нормализација како дел од нашиот бизнис“.

„Western Digital“ прогнозира приспособен профит за тековното тримесечје во опсег 3,20-3,30 долари по акција, надминувајќи ги очекуваните од аналитичарите 3,04 долари по акција според „Thomson Reuters I / B / E / S“. Проценетата заработка за целата година изнесува 13,50 до 14,00 долари по акција, што е исто така над пазарната прогноза од 13,42 долари по акција.

Оваа прогноза помогна за слабеење на притисокот врз акциите на компанијата, кои се намалија за само 1 отсто за време на берзанската трговија, од 5,5% порано, иако „Western Digital“ ги надмина пазарните очекувања за добивка и приходите за вториот квартал.

„Луѓето се загрижени дека ова е највисокиот квартал“, вели аналитичарот на „Benchmark“, Марк Милер. Тој тврди дека стравот од паѓање на цените може да ги надмине акциите.

Приходот „Western Digital“ се зголеми за 9,2 отсто на 5,34 милијарди долари во вториот фискален квартал, кој заврши на 29-ти декември. Просечната прогноза на аналитичарите изнесуваше 5,30 милијарди долари.

„Western Digital“ објави нето загуба од 823 милиони долари, споредено со профитот од 235 милиони долари во минатата година за 1,6 милијарди долари во надоместоци поврзани со американскиот закон за данок. Со исклучок на некои предмети, компанијата заработи 3,95 долари по акција, што е над очекуваните 3.79 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП