4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилниот раст може да стане главоболка за Марио Драги

Силниот раст може да стане главоболка за Марио Драги

За Марио Драги, претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ), може да се каже дека има „среќен проблем“.

Економијата на еврозоната се претставува подобро од секоја прогноза пред неколку месеци. Тоа е причина да славење. Но од растот исто се јавуваат и претпоставките за тоа кога „ЕЦБ“ ќе треба да дејствува за да ја задржи инфлацијата под контрола. За господинот Драги тоа е прашањето, пишува „New York Times“.

Управувањето на инвеститорските очекувања и избегнувањето на неоправданите превирања на пазарот се меѓу најважните задачи на претседателот на централната банка. Брзо промелниви се економските податоци и мешаните пораки на членовите на Управниот одбор на „ЕЦБ“ покажуваат дека изјавите на Драги од декември дека централната банка ќе продолжи со стимулирање на мерки барем до септември, веќе изгледаат застарени.

Драги има можноста да ја ажурира својата пораката наскоро, кога се очекува да одржи прес-конференција, а неговата задача ќе биде да ги смири тензиите од шпекулации и да обезбеди одредена безбедност за намерите на банката, додека ги задржи своите можности во случај околностите да се менуваат.

Инвеститорите и аналитичарите ќе слушаат внимателно во евентуалните промени во тонот или јазикот на Драги кои ќе алудираат за крај на програмата за квантитативните олеснувања.

„New York Times“ објави сигнали кои укажуваат дека централната банка не брза да ја затегнува економијата на еврозоната:

– Се очеква инфлацијата да порасне постепено

– Ризиците за растот во општи линии се балансирани

– Континуираното поскапување на еврото претставува ризик за растот

Сигнали кои покажуваат дека централната банка може да ја прекине програмата за стимулирање по септември:

– Се зголемува довербата дека инфлацијата се приближува до официјалната цел од 2%

– Обновата на еврозоната се подобрува

– Моќта на еврото ги одразува економските основи

Од декември показателите за раст во еврозоната постојано се засилуваат. Довербата во бизнисот и тој на корисниците се на највисоко ниво за повеќе од една деценија. Невработеноста од 8,7% е на најниско ниво од почетокот на 2009-та година.

Се зголемуваат очекувањата дека програмата за квантитативно олеснување ќе заврши по септември. Ова ќе и овозможи на банката да почне да ја зголемува својата основна каматна стапка, која во моментов е на нула ниво, некаде во 2019-та година.

Овие променливи очекувања водат до некои несакани странични ефекти. Особено, еврото поскапе во однос на доларот, бидејќи инвеститорите веруваат дека ќе можат да добијат повисок интерес кон европската валута. Но едно силно евро исто ги прави производите произведени во 19-члената еврозона, поскапи во странство, што може да наштети на извозот и на крајот да доведе до пад на економскиот раст.

Повеќето аналитичари очекуваат Драги да испрати силен сигнал дека Европската централна банка ќе продолжи да налева пари во економијата, додека нема јасни знаци дека инфлацијата се приближува до официјалната цел од 2%.

Мнозинството од 25-члениот Управен совет најверојатно се насочува кон постепено укинување на квантитативните олеснување. Некои од нив неодамна го поставуваат прашањето дали има смисла да се продолжи мотивот на централната банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП