28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолапс на Carillion, најголемата британска градежна компанија

Колапс на Carillion, најголемата британска градежна компанија

Колапс на градежната компанија „Carillion“ ја доведе Велика Британија до работ на колапс на јавните служби и до вонредна состојба, пренесуваат британските медиуми. До вчера најсилната британска градежна компанија која вработува 20 илјади луѓе во земјата и уште толку надвор од земјата, е ликвидирана поради долг од преку една милијарда и половина фунти.

Додека владата се обидува да најде решение, опозицијата повикува на јавна истрага, а граѓаните ги чувствуваат последиците од приватизацијата без вистинска контрола, пренесува БиБиСи.

Компанијата гради фудбалски стадиони, патишта, брзи пруги. Одржува педесет илјади воени станови, педесет затвори и над десет илјади болнички кревети. Нема одговор на прашањето кој ќе ги исплати долговите на адресата на дури 30 илјади мали и средни претпријатија, со кои „Carillion“ соработуваше.

Случајот со „Carillion“ се заканува да предизвика домино ефект, со што Британија покрај Брегзит, во наредните месеци мора да се носи со прашањето – дали и како државата може да го контролира квалитетот на приватизацијата и кој ќе го плати исходот од неуспехот, анализира БиБиСи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП