11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus во последен момент го надмина Boeing во продажбата за 2017-та

Airbus во последен момент го надмина Boeing во продажбата за 2017-та

Силната продажба во последните недели во 2017-та година му помогнаа на „Airbus“ да го надмине неодамнешното лидерство во продажбата на авиони на „Boeing“. Така, европската компанија веќе петта година по ред заврши прва според договорите, објави „Ројтерс“.

Пораката од „Airbus“ соопшти дека нарачките на компанијата, вклучувајќи ги и оние кои биле откажани, изнесувале за 1.109 авиони. Ова е зголемување од 52% во 2017-та година. Во изминатите 12 месеци, нарачките на „Boeing“ беа за 912 авиони.

Европската компанија, исто така, објави дека го има надминато своето производство од 700 авиони во претходната година, произведвуајќи 718 примероци. Ова е зголемување од 4% во споредба со 2016-та година. Според главниот оперативен директор на Фабрис Брежие во 2018-та година, готовите ќе достигнат до 800 единици.

Сепак, американскиот производител останува најголем на пазарот шеста година по ред со нарачки за 763 авиони.

Според Брежие, рекорд на нарачки за повеќе од 7.000 авиони што треба да се заврши ќе му дозволи на „Airbus“ да го надмине „Boeing“ и во оваа категорија до 2020-та година.

Највисокиот европски рекорд во декември – за еден месец беа потпишани договори за купување 800 авиони, фокусирајќи се на клучните модели од портфолиото на компанијата – „А320“.

Главниот директор за продажба на „Airbus“, Џон Лихи, изјави дека резултатот од минатиот месец се должи на посилната побарувачка од очекуваното. Сепак, некои извори во секторот не ја исклучуваат причината за намалување на цените, рече „Ројтерс“.

Резултатот не е толку позитивен во врска со „Airbus“ во сегментот на авиони со долг дострел. Таму, учеството на европскиот производител се намали за речиси половина до 25% од 51% во претходната година. Тоа значи дека не само што не е имало нови нарачки, но и се откажани две за „A380“, а иднината на моделот е доведена во прашање заради ниската продажба.

„Boeing“, исто така, мораше да се справи со откажаните нарачки за неговиот „747“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП