9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоковите на „Вива“ освоија пет меѓународни награди

Соковите на „Вива“ освоија пет меѓународни награди

Pette megjunarodni nagradi na Viva

Македонскиот производител ВИВАКС на соковите, „Вива“ освои пет вредни награди на меѓународниот саем за земјоделство што се одржа од 18 до 24 мај во Нови Сад, Србија. Компанијата од Скопје се закити со 2 големи златни медали за квалитет на  100 % сок од ананас, АЦЕ нектар и со 3  златни медали за квалитет за 100 % сок од портокал,  нектарот од праска и коктел-нектарот. Најзначајно признание, сепак, е Пехарот на Новосадскиот саем за врвен квалитет на овошните сокови „Вива“.

– Со овие пет награди добивме уште една потврда за високиот квалитет на нашите производи. Токму квалитетот е нешто што не може да биде одвоено со граници. Овие признанија повторно нè уверија во тоа што одамна го знаеме и тежнееме – дека квалитетот е препознатлив секаде. „Вива“ таква можност доби во Нови Сад, ја искористи и затоа овие награди и понатаму ќе нè мотивираат да работиме како и досега, со посветеност на квалитетот – вели Тања Атанасова – маркетинг-менаџер на „Вива“.

Потврдата за нивниот квалитет и за високиот професионализам на „Вива“ во процесот на производството дојде на меѓународна манифестација што годинава се одржа 80-ти пат по ред. На последното издание во Нови Сад учествуваа повеќе од 1.500 изложувачи кои ги претставија последните достигнувања во земјоделието, опремата за прехрамбената индустрија и производството на храна и пијалоци, каде што „Вива“ беше издвоена меѓу најдобрите. Презентации имаа компании од Италија, Австрија, Германија, Индија, Кина и многу други земји. Саемот го отвори српскиот премиер Ивица Дачиќ, а го посети и претседателот на северниот сосед, Томислав Николиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП