18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPeugeot отвори нови работни места во фабриката во Хорден

Peugeot отвори нови работни места во фабриката во Хорден

Францускиот производител на автомобили „Peugeot SA“ планира да отвири дополнителни 600 нови работни места во фабриката во градот Хорден, Северна Франција, за да одговори на силна побарувачката на автомобили кои се произведуваат таму, објави „MarketWatch“.

Француската компанија сепак додава дека планираниот новоназначен персонал ќе биде претежно со привремени договори за 18 месеци. Овој потег е одговор на силна побарувачката на „Peugeot Expert“ и „Traveler“, како и на моделите на „Citroen“ – „Jumpy“ и „SpaceTourer“ кои се произведуваат во фабриката во Хорден од 2016-та година.

Треба да се има на ум дека оваа фабрика во северна Франција ги спојува комерцијалните возила на „Citroen“ и „Peugeot“ со заедничката автомобилска компанија, како и со производство на Тојота Мотор Корп, со која „Peugeot“ има партнерски договор.

„Резултатите постигнати од овие автомобили во Европа, не охрабрија да ја приспособиме и поддржиме исклучителната динамика на продажба, создавајќи нов производствен тим“, изјави производниот менаџер на компанијата за Северна Франција, Патрис Ле Гајдер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП