12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИлјадници работници на Porsche штрајкуваа барајќи повисоки плати

Илјадници работници на Porsche штрајкуваа барајќи повисоки плати

Германскиот синдикат на работниците во металургијата „IG Metall“ даде „предупредувачки сигнал“ во борбата за 6-процентно зголемување на платите и намалување на работната недела од 35 до 28 часа со штрајкот во производителот на луксузни автомобили „Porsche“, пренесоа светските агенции.

Во протестот во седиштето на компанијата во Штутгарт денеска се вклучија 2.500 работници, а кон нив се приклучија и 600 членови на „IG Metall“ од производителот на автомобилски делови „ZF“ во источната провинција Бранденбург.

Синдикатот поднесе барања за повисоки плати во позадина на силното претставување на германската економија, придружена од намалената невработеност и зголемувањето на слободните работни места.

Работодавците ги отфрлија барањата на работниците, нудејќи наместо 2-процентно зголемување на платите во април и еднократна исплата од 200 евра за месеците од јануари до март.

„IG Metall“, кој е најголемиот синдикат во Германија, обединува околу 3,9 милиони работници од некои од водечките германски компании како „Daimler“, „Siemens“ и „Thyssen Krupp“.

Засега во преговорите изгледа има слаб напредок, откако беше пропуштен рокот – 31 декември – за склучување на договор.

Синдикатот предупреди дека планира да објавува привремени прекини на работата во сите региони на земјата, како дел од кампањата за подобрување на работните услови во 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП