18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAT&T сака да е првиот телеком, кој ќе пушти 5G интернет во...

AT&T сака да е првиот телеком, кој ќе пушти 5G интернет во САД

„AT&T“ сака да биде првиот американски телекомуникациски провајдер кој ќе ја обезбеди петтата генерација мобилна мрежа (5G) на корисниците на смартфони во оваа година, пред конкурентите „Verizon Communications“ и „T-Mobile US“ во битката за скапото подобрување на мрежата, што во подоцнежна фаза може да го зголеми растот на приходите, објави „Bloomberg“.

Во оваа фаза „AT&T“ соопшти дека ќе ја лансира мобилната услуга во над 10 американски града подоцна во оваа година. Компанијата не обезбеди подетални информации за плановите.

Побрзите врски ќе им помогнат на телекомите да продаваат понапредни услуги како виртуелната реалност, „4K“ видео и ќе дозволат користење на самоуправувачки автомобили. „Verizon“, „T-Mobile“ и „Sprint“ исто така, планираат да понудат мобилни „5G“ услуги, но засега тие немаат споделено повеќе за нивните планови.

Иако „5G“ технологијата нуди пат за обновување на растот на една индустрија која бележи забавување, а предизвиците не се малку. Компаниите за мобилни телефони, производителите на чипови, производителите на уреди и развивачите на софтвер ќе треба да трошат околу 200 милијарди долари годишно за студии и капитални трошоци, за да го постигнат сето ова. А инженерите ќе мораат да најдат начини да ја натераат технологијата да работи без пречки од дрвја, дожд и да достави доволно силен сигнал за да се задоволи побарувачката.

„AT&T“ тврди дека ја поставила основата за „5G“, така што ја подобрила својата мрежа во 23 града. Компанијата не открива каде планира да ја лансира мобилната „5G“ мрежа првично, ниту каква опрема ќе се користи за таа цел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП