Празниците и прославите сигурно ве исцрпија. А допрва следува уште едне продолжен викенд во кој сигурно ќе се почастите со уште некоја чашка алкохол. Па затоа ве советуваме да ги пробате овие три домашни и брзи маски кои ќе го освежат вашиот тен.
Сите три маски нанесете ги на исчистено лице, држете ги 20 минути, а потоа измијте ги со млака вода. Потоа намачкајте го лицето со хидратантна крема и уживајте во резултатите.
Маска со авокадо
пола авокадо
1 лажичка грчки јогурт
1 лажичка мед
Маска од овесна каша
1 лажичка мелен овес
1 лажица свеж сок од лимон
1 белка
Маска со киви
2 киви
3 лажички грчки јогурт
1 лажица сок од портокал
1 лажица маслиново масло