8 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИWells Fargo купи зграда за централа во Лондон

Wells Fargo купи зграда за централа во Лондон

„Wells Fargo & Company“ купи незавршена зграда во лондонското „Сити“ од меѓународниот претприемач „HB Reavis“, соопштува интернет изданието „еurope-re.com“.

Компанијата ќе ја користи зградата како седиште на своите операции во британскиот главен град.

Ова е првиот договор за недвижен имот на финансиската група надвор од САД, стои во објавата на изданието.

Зградата е една од најдобрите поврзани во градот. Таа е на неколку минути од Лондонскиот мост и други културни атракции во британскиот главен град.

Зградата е дизајнирана од британското архитектонско биро „John Robertson Architects“ заедно со експертите на „HB Reavis“. Еден од најпрепознатлива нејзини белези е градината на покривот со над 40 различни вида диви растенија и цвеќиња и панорамски поглед на најпознатите знаменитости на Лондон.

Продавачот „HB Reavis“ ја купил локацијата на крајот на 2013-та година и почнал да ја гради во средината на 2014-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП