19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ100 компании од растечките економии ги освојуваат пазарите во светот

100 компании од растечките економии ги освојуваат пазарите во светот

biz5

Компаниите од растечките економии, со голема брзина ги освојуваат пазарите низ целиот свет, покажаа резултатите од извештајот на консултантската компанија „Boston Consulting Group“.

Консултантската компанија идентификуваше 100 компании, за кои тврди дека имаат пионерска улога во нивните индустрии.

Тие 100 компании, заедно создадоа повеќе нови работни места и остварија подобри бизнис резултати отколку повеќето компании кои котираат на Њујоршката берза.

Многу од новите компании, се нови и непознати за Западот, се вели во извештајот.

„Ако нешто треба да ги вознемири бизнис лидерите од Западот, тогаш тоа е овој резултат“, вели Дејвид Мајкл, ко-автор на извештајот.

„Ние го следиме подемот на глобалните компании речиси десет години, а нивните амбиции…никогаш не биле посилни“.

Во најновиот извештај на „Boston Consulting Group“, се наведува дека 100-те компании кои бележат најбрз раст и најбрзо се шират на светските пазари, се распределени во сите 17 растечки економии. Компаниите од Колумбија и Катар, за прв пат и се приклучија на листата.

Некои сектори кои се најдоа на листата вклучуваат финансиски услуги, електроника и здравствена заштита.

На листата се наоѓаат и 30 компании од Кина, 20 од Индија, две од Индонезија, две од Чиле и по една компанија од Египет и Аргентина.

Авторите на извештајот, истакнуваат дека Западот не би требало да ја потцени конкурентната закана, бидејќи мониторингот на резултатите од брзо-растечките компании открива потенцијален предизвик.

Во изминатите пет години, компаниите од ваков вид отворија 1,4 милиони работни места, додека вработувањето во веќе докажаните компании стагнира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП