19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCiti: Постои веројатност Apple да го купи Netflix

Citi: Постои веројатност Apple да го купи Netflix

Има 40% шанса дека „Apple“ ќе го купи „Netflix“ по конечното усвојување на промените во даночниот закон на САД. Тоа го рекоа Џим Сува и Асија Мерчант од „Citi“.

Падот на корпоративниот данок, како и еднократната стапка за трансферот на слободните парични средства назад во земјата, ќе ги зголеми можностите на „Apple“ да купи нови компании во иднина.

Според последните податоци компанијата располага со 262 милијарди долари во кеш, од кои голем дел се во странство, а до неодамна „Apple“ мораше да плати 35%, за да ги врати назад во САД.

Аналитичарите велат дека со години „Apple“ се обидува да презентира конкурентен производ на телевизискиот пазар. И покрај успехот на „iTunes“, голем дел од корисниците се свртуваат кон услуги понудени од „Netflix“, „Amazon“ или „Hulu“, за да ги гледаат нивните омилени филмови или шоу програми.

Извештајот, испратен до клиентите на „Citi“ во декември, наведуваат дека „Apple“ неодамна влезе и во сферата на создавањето на продукција, така што ги купила правата за нов серијал кој е продукција на Џенифер Анистон и Рис Витерспун.

Оваа идеја, макар и прекрасна, би имала логика, само ако „Apple“ во блиска иднина купи компанија како „Netflix“.

Компанијата има над 250 милијарди долари во готовина, што се зголемува за повеќе од 50 милијарди долари годишно. Ова е добар проблем што може да се реши.

Ако „Apple“ ги врати сите свои пари назад во САД, ќе мора да плати 10% данок.

При состојба дека 90% од кешот на технолошкиот гигант е во странство, тоа би значело дека компанијата би имала на располагање околу 220 милијарди долари за откуп на сопствени акции и нови аквизиции.

За евентуалниот договор за купување, „Apple“ би потрошил околу една третина од слободните средства на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП