11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus ја склучи една од најголемите зделки во историјата на авио-индустрија

Airbus ја склучи една од најголемите зделки во историјата на авио-индустрија

Европскиот производител „Airbus“ ги потврди гласините за договорот вреден 49,5 милијарди долари за американскиот инвестициски фонд „Indigo Partners“. Според договорот, производителот на авиони ќе испорача 430 летала.

Прелиминарниот договор за испорака на 274 примероци од „A320neos“ и 156 авиони од „A321neos“ беше потпишан за време на авио-саемот во Дубаи во ноември, наведува компанијата во соопштението на својата веб-страница. Тие ќе бидат доставени до „Wizz Air“, „Frontier Airlines“, „Jetsmart“ и мексиканската „Volaris“, во кои инвестицискиот фонд има удел.

Ова е најголема зделка во историјата на „Airbus“, но е единствената што беше објавена денеска, објави „СNBC“. Претходно, компанијата објави дека исто така потпишале договор за снабдување на 50 авиони „А320neos“ за „China Aircraft Leasing“.

Вредноста на оваа трансакција изнесува 5,42 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП