27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДаночната реформа во САД ќе доведе до милијарди трошоци за Shell и...

Даночната реформа во САД ќе доведе до милијарди трошоци за Shell и Barcalys

Водечките компании, како „Royal Dutch Shell“ и „Barclays Bank PLC“, изјавија во средата дека ќе претрпат големи по обем дополнителни трошоци како резултат на промените во даночната политика на САД, приклучувајќи се на тој начин кон редицата други глобално значајни компании кои открија во последните денови повеќе информации за тоа како големата американска даночна реформа ќе влијае директно врз нивните финансии.

Нафтениот концерн „Shell“ проценува дека оданочувањето во САД во четвртиот квартал од оваа година може да изнесува меѓу 2 и 2,5 милијарди долари, што се должи на намалувањето на вредноста на неговите т.н.„одложени даночни средства“.

Треба да се има предвид дека компаниите можат да ги акумулираат таквите средства за време на нивните бескорисни периоди и да ги користат за да компензираат со нив идни плаќања на даноци. Овие средства, кои се во суштина кредити за идните даночни плаќања во САД, веќе ќе чинат доста помалку „на хартија“, откако големата реформа доведе до драстично намалување на основниот данок до 21% од 35%.

Истовремено „Barclays Bank“ изјави дека во четвртиот квартал од годината таа очекува да понесе даночно оптоварување во износ од 1 милијарда фунти (околу 1,3 милијарди долари), повикувајќи се на слични промени при проценката на вредноста на одложените даночни средства и обврски. Трошоците како резултат на даночните промени, заедно со другите трошоци за реструктуирање, може да ја доведат голема британската банка до нето загуба во рамките на годината.

„Barclays“ истакнува дека нејзиниот капитален сооднос (капитална адекватност), што е основна мерка за состојбата на финансискиот баланс, ќе опадне за 0,2 процентни поени, но тоа најверојатно ќе се покаже премногу малку за да предизвика загриженост меѓу нејзините инвеститори.

И двете компании велат дека и покрај големите загуби „на хартија“, тие сметаат дека драстичното намалување на корпоративните даноци во САД ќе бидат позитивни на долгорочен план.

Денеска и „Credit Suisse Group AG“ изјави дека може да отпише 2,3 милијарди долари во четвртиот квартал, исто поради намалувањето на вредноста на нејзините т.н. „одложено даночни средства“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП