10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAirbus е подготвен да се откаже од својот џамбо-џет

Airbus е подготвен да се откаже од својот џамбо-џет

„Airbus“ ќе се откаже од својот џамбо-џет „А380“, пишува „Ројтерс“, наведувајќи ги своите извори. Компанијата се обидува да направи договор за испорака на авионот на „Emirates“, но ако не успее, ќе престане да го произведува овој модел.

„А380“ е најголемиот патнички авион во светот – има капацитет за околу 500 луѓе и е во функција само 10 години. Но, неговата продажба е слаба. Развојот на овој модел вреди 11 милијарди евра.

„Emirates“ е еден од најголемите фанови на „А380“ и веќе нарача 142 авиони. Досега, компанијата доби 100 примероци од него.

„Airbus“ и „Emirates“ во моментов преговараат за испорака на уште 36 авиони во вредност од 16 милијарди евра. Според извори на „Ројтерс“, разговорите започнаа за време на саемот во Дубаи и моментално стагнираат.

Авиокомпанијата треба да гарантира дека производството ќе трае уште една деценија за да ги заштити инвестициите направени досега, додаде агенцијата. Ова го става „Airbus“ во проблеми – ако производството на „A380“ запре, компанијата ризикува да го загуби еден од своите најголеми клиенти.

„Emirates“ може да се насочи кон конкурентот „Boeing“, дури и повеќе, затоа што американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз тоа.

„Airbus“ има потреба од уште 30 нарачки за да го произведува на авионот уште 10 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП