26 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПет градинки ќе добијат прочистувачи за воздух донација од АД ЕЛЕМ

Пет градинки ќе добијат прочистувачи за воздух донација од АД ЕЛЕМ

„АД Електрани на Македонија“ најави донација на прочистувачи на воздухот во 5 градинки, во Општините Карпош, Центар, Аеродром, Тетово и Кичево. Ќе донираат прочистувачи за воздух и во училиштата во Општина Новаци, како општина која се наоѓа најблиску до РЕК Битола, и со прочистувачи ќе бидат опремени училниците во Новаци и во селата во оваа оштина, а тоа се: Бач, Гермијан, Живојно, Рибарци, Добромири, Далбеговци, Агларци и Рапеш.

Целта на оваа донација е во есенските и зимските услови кога загадувањето од загревањето на домовите, од индустриските капацитети или едноставно од самата местоположба на населеното место, не дозволува да се отворат прозорците на градинките и училиштата и да влезе чист воздух кој им е потребен на децата во текот на наставата и престојот во градинката, па така, тој воздух да се прочисти и освежи преку овие апарати и децата да можат непречено да учат или да бидат згрижени во соодветните институции“, велат од компанијата.

Исто така, АД ЕЛЕМ ќе донира и во болницата во Битола.

„Ќе донираме на одделението за белодробни заболувања 7 инхалациони небулајзери и еден апарат за спирометрија, кои според надлежните во болницата добро ќе дојдат и ќе бидат од помош во овој период на настинки и други потешки заболувања накои им погодува и зимата и загадениот воздух. Исто така, за одделението за реанимација ќе донираме два ЕКГ апарати“, додаваат од АД ЕЛЕМ.

Според проценките, набавката на овие апарати ќе чини околу 40 илјади евра и тие пари АД ЕЛЕМ, како што велат од компанијата, ги обезбеди со пренамена на средствата кои биле предвидени за адвокатски услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП