20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNissan повлекува 128.000 автомобили во Русија

Nissan повлекува 128.000 автомобили во Русија

Јапонската автомобилска компанија „Nissan“ повлекува 127.738 свои возила во Русија, соопшти рускиот регулатор Ростандард.

„Причина за повлекувањето на моделите на Nissan „note“ и „tiida“, произведени во периодот од 30 август 2008 година до 1 август 2014 година, е потенцијално погрешното активирање на воздушните перничиња на возачите“, се наведува во соопштението на регулаторот, пренесува руската агенција Тас.

Генераторите на гас во неисправните воздушни перничиња ќе бидат проверени и заменети со нови таму каде што има потреба, а сите поправки ќе бидат бесплатни за сопствениците на возилата, додава регулаторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП