3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајинтересните ИТ зделки во оваа година

Најинтересните ИТ зделки во оваа година

Технолошкиот свет не успеа да види особено многу големи зделки во изминатава година, но една од најпознатите се случи буквално во последните денови на 2017-та година – „Apple“ го купи „Shazam“. Поголеднете некои од најинтересните трансакции:

„Apple“ ги купува „Shazam“ и „Workflow“

Цената на трансакцијата не е јавно објавена, но се шпекулира за цена од околу 400 милиони долари. Што е уште поинтересно е зошто на „Apple“ му се е потребна „Shazam“. Лондонската компанија досега беше најпопуларна со својата „Android“ апликација, која служи за препознавање и откривање музика. Дали ова значи дека „Apple“ има намера да ги зајакне сопствените музички услуги?

Во првиот квартал од 20170та година, беше финализиран договорот со кој „Apple“ ги купил работните права на „Workflow“. Апликацијата им овозможува на корисниците на „iPad“ и „iPhone“ да креираат листа на функции и команди за автоматизирање на одредени задачи во некоја апликација. По купувањето, „Apple“, исто така, го ангажираше целиот тим што работеше над апликацијата.

„Verizon“ го купи „Yahoo“

Договорот беше склучен во јуни и изнесуваше 4,5 милијарди долари. По него американскиот телеком соопшти дека планира да ги обедини своите нови средства со постоечкиот „AOL“ бизнис и да се создаде подружница наречена „Oath“ што ќе покрива околу 50 медиумски брендови и околу една милијарда корисници ширум светот.

„Hewlett Packard Enterprise“ ги купи „Nimble Storage“ и „SimplyVity“

Две се поголемите зделки што ги направи „HPE“ во текот на изминатата година. Со првиот договор вреден 650 милиони долари, го купи снабдувачот на инфраструктура на „SimplyVity“. Како резултат на тоа, „HPE“ се очекува да го интегрира основниот производ на „SimplyVity“ – „OmniStack“ софтверот со своите „DL380“ сервери.

Во втората поголема зделка, „HPE“ го купи „Nimble Storage“. Вредноста на трансакцијата изнесува 1,09 милијарди долари.

Купувањата кои ги врши „Hewlett Packard Enterprise“ покажуваат дека компанијата врши сериозно преструктуирање на бизнисот, фокусирајќи се на мрежните системи, складишта и технолошки услуги.

„Google“ го купи „Kaggle“

Во март 2017-та година, „Google“ потврди дека го купил „Kaggle“, онлајн заедница на научници кои работат во областа на компјутерските податоци. Една од најпопуларните активности на „Kaggle“ е да се натпреварува во науката за податоци и машинско учење. Износот на договорот не е познат. Претходно во месецот „Google“ и „Kaggle“ организираа награден фонд од 100.000 долари за машинско учење и рејтинг на „YouTube“ видеа.

И додека деталите за купувањето на „Kaggle“ се мистерија, шпекулациите за мотивите на „Google“ зборуваат дека Концернот планира да инвестира сериозен ресурс во „AI“ случувањата, а заедницата вклучува 600.000 научници во областа на „Data Science“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП