23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoldman Sachs влегува во трговијата со криптовалути

Goldman Sachs влегува во трговијата со криптовалути

Финансискиот гигант „Goldman Sachs“ планира официјално да влезе во пазарот на криптовалути, објави „Блумберг“, цитирајќи извори.

„Како одговор на интересите на клиентите во виртуелните валути, ние истражуваме како најдобро да ја испорачаме оваа услуга“, изјави портпаролот на „Goldman Sachs“ за „CNBC“.

Инвестициската банка може да отвори ново специјализирано биро за инвестирање во криптовалути до крајот на јуни, ако не порано, укажува неименуваниот извор.

„Goldman Sachs“ сé уште работи на прашања поврзани со тоа како да управуваат со средствата склони кон огромна нестабилност, додека се премногу ранливи на хакерски напади, вели друг извор на „Блумберг“.

Гласините велат дека банката го разгледува ваквиот потег уште од октомври оваа година.

„Goldman Sachs“ е една од ретките големи финансиски институции кои им нудат на некои клиенти пристап до новоформираната трговија со биткоин фјучерси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП