11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДвајца кандидати се одобрени за имотот на австриската авиокомпанија Niki

Двајца кандидати се одобрени за имотот на австриската авиокомпанија Niki

Администраторите на банкротираната австриска авиокомпанија „Niki“ избраа два стратешки понудувачи да учествуваат во конечните разговори за нивните средства, објави „Ројтерс“, осврнувајќи се на информациите од еден администратор.

„IAG“, сопственик на „British Airways“ и нискобуџетниот оператор „Vueling“, е една од избраните компании, изјавија два извори за агенцијата.

„Niki“, која беше основана од поранешниот светски шампион во Формула 1, Ники Лауда, беше дел од банкротираната „Air Berlin“.

Авиокомпанијата поднесе документи за банкрот откако германската компанија „Lufthansa“ се откажа од договорот за купување на своите средства, принудувајќи ги своите авиони и илјадници патници да останат на „земја“.

Шест страни поднесоа понуда до крајниот рок од четврток, од кои пет се обврзувачки, рече администраторот на „Niki“, Лукас Флотер во соопштението без да даде дополнителни информации.

Лауда во четвртокот рече дека понудил да го купи „Niki“. Меѓутоа, неговата портпаролка во петокот изјави дека не може да потврди дали тој е меѓу двата останати кандидати за компанијата.

Германски весник тврди дека „Thomas Cook“ и „Tuifly“, сопственост на „TUI“, се меѓу другите понудувачи.

Друга заинтересирана страна е швајцарскиот превозник „PrivatAir“.

„IAG“ и „Thomas Cook“ одбија да коментираат на оваа тема, а од „TUI“ не беа достапни за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП