25 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRoche го проширува своето онколошко портфолио

Roche го проширува своето онколошко портфолио

Швајцарската фармацевтска компанија „Roche“, според „Фајненшл тајмс“, ја купува за 1,7 милијарди долари „Ignyta“, калифорниска компанија за лекови против ракот.

Со стекнувањето на експертизата на „Ignyta“ во ретки случаи на рак, „Roche“ го зајакнува своето портфолио на онкологија. Предложената цена од 27 долари по акција претставува 74% премија во однос на завршната цена на компанијата во четвртокот и 89% од нејзината просечна цена по акција во текот на изминатите 90 дена.

Договорот беше одобрен едногласно од двете компании.

„Ракот е исклучително сложена болест, а многу пациенти страдаат од мутации кои тешко се откриваат и лекуваат“, изјави извршниот директор на „Roche Pharmaceuticals“, Даниел О’Деј. „Договорот со „Ignyta“ ја поддржува стратегијата на „Roche“ за приспособување на третманите за пациентите и овозможувајќи „Roche“ да го прошири и зајакне своето портфолио во борбата против ракот во светот“.

Профитот на „Roche“ неодамна беше под притисок, бидејќи неколку од нејзините најпопуларни лекови ја загубија патентна заштита.

„Ignyta“ ќе ја продолжи дејноста во Сан Диего, велат двете компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП