21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМедлин Олбрајт се откажа од купување на Телеком Косово

Медлин Олбрајт се откажа од купување на Телеком Косово

med1

Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт се откажа од купување на косовскиот Телеком (PTK), процесот кој Србија остро го критикуваше.

„Олбрајт Капитал Менаџмент“ (ACM), се откажа и објасни дека има други планови во кои компанијата сака да инвестира. Компанијата нема приговори во однос на процедурите на тендерот“, изјави канцеларијата на косовското Министерство за економија.

Пораката за повлекување на ACM, службено пристигна на 8 јануари. Компанијата која ја води Олбрајт, ги исполни условите за добивање на 75 проценти од акциите на PTK, кои беа ставени на продажба.

Рокот за компаниите за приватизација на PTK истекува на 31 јануари. Владата планира да добие 300 милиони евра од оваа трансакција. PTK има годишен профит од околу 40 милиони евра.

Олбрајт не е првото американско официјално лице кое сака да инвестира во Косово. Во јуни, косовските власти објавија дека американскиот генерал Весли Кларк, поранешниот командант на силите на НАТО во Европа, аплицирал за дозвола за експлоатација на јаглен во Косово.

Косово е признато од повеќе од 90 земји, вклучувајќи ги и САД и повеќето од земјите од Европската унија. Србија продолжува да ја оспорува приватизацијата на PTK, и веќе објави дека ќе поднесе жалба до меѓународното судство, со цел да го спречи овој процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП