2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHugo Boss сака да се претстави подобро во следната година

Hugo Boss сака да се претстави подобро во следната година

Германскиот моден концерн „Hugo Boss“ има намера да расте побрзо на пазарот во следната година.

„Нашата претензија за 2018-та година е развој што ќе го надминува растот на пазарот што го оценуваме на раст во опсег од три до четири проценти“, рече главниот извршен директор Марк Лангер за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“.

„„Boss“ ќе се врати во 2018-та година со раст на продажбата и раст на профитот“, рече Лангер.

Приходите на компанијата, кои за последно беа во износ од 2,7 милијарди евра, се очекува да се зголемат со едноцифрена бројка во проценти, објави во ноември при претставувањето на финансиските извештаи за третиот квартал Концернот.

„Последните неколку недели ме направија уште посигурни“, додаде менаџерот.

Лангер беше променет од главен финансиски директор во извршен директор во 2016-та година и оттогаш остварува некое реструктуирање во германскиот концерн. Компанијата позната со машките носии, ги намалува цените во Кина, за да ги доближи повеќе до европските и американските ниво

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП