6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАкциите на Berkshire Hathaway со нов рекорд - 300.000 долари

Акциите на Berkshire Hathaway со нов рекорд – 300.000 долари

Цената на акциите на „Berkshire Hathaway“ во понеделникот достигна 300.000 долари за прв пат во историјата, одразувајќи ја довербата на инвеститорите во конгломератот на Ворен Бафет и покрај четирите последователни квартали понизок оперативен профит, пренесува „Ројтерс“.

Преминувањето на границата од 300.000 долари доведува до раст на цената на акциите класа „А“ на Berkshire од 22,9% за годината наспроти зголемувањето од 20% на индексот „Standard & Poor’s 500“.

Акциите на компанијата класа „C“, кои вредат 1/1500 од акциите на класа „А“, се проценуваат на околу 199,75 долари. Ниту една од класите не исплати дивиденди.

Акциите се зголемуваат, иако 2017-та година беше втора година по ред за „Berkshire“ со просечни перформанси во споредба со минатите времиња.

Оперативната добивка, која забележа раст од 1% во 2016-та година, падна за 16% од јануари до септември, одразувајќи ги загубите од ураганите Харви, Ирма и Марија и износот издвоен за трансакција со „American International Group“.

Сепак, книговодствената вредност се зголеми за 8,9%. Бафет смета дека ова е добра мерка за растот на компанијата од Омаха, Небраска.

„Berkshire“ има над 90 оперативни единици, вклучувајќи големи бизниси како железничката компанија „BNSF“, автомобилскиот осигурител „Geico“ и „Berkshire Hathaway Energy utilities“, но и помали како батериите „Duracell“ и сладоледот „Dairy Queen“.

Бафет (87), ја води компанијата од 1965-та година, кога е само нескротлива текстилна компанија чии акции чинат само 11 долари. Акционерите кои не се откажале од „Berkshire“ во тоа време, оттогаш добиле профит од 2.400.000 проценти.

Цените на акциите на само неколку американски компании дури достигнаа четирицифрени броеви.

Членови на овој ексклузивен клуб се компании како „Amazon.com“, компанијата мајка на „Google“ „Alphabet“ и „Priceline Group“, како и помалку познатата компанија како „Seaboard Corp.“ – производител на свинско месо, која исто така прави и испораки по морски пат.

Повисоките цени на акциите може да го ограничат тргувањето и да промовираат долгорочна сопственост. Компаниите, сепак, може да поттикнат сопственост на мало со делење на нивните акции или, како што направи „Berkshire Hathaway“, создавајќи акции со пониска вредност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП