
По осум години, како што мина од лансирањето на актуелната верзија, „Volkswagen“ ќе ја претстави новата генерација на својот голем „SUV“ модел.


По осум години, како што мина од лансирањето на актуелната верзија, „Volkswagen“ ќе ја претстави новата генерација на својот голем „SUV“ модел.
Актуелниот „Touareg“ е претставен уште во 2010-та, а покрај редизајнот во 2014-та, започна да покажува знаци на старост.
Според одредени медиуми, новиот „Touareg“ ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Пекинг во април 2018-та. Се очекува дека тој ќе биде малку поголем од претходникот, а според дизајнот ќе потсетува на „T-Prime Concept GTE“ кој беше претставен исто така на авто-саемот во Пекинг, но во 2016-та година.
Новиот „Touareg“ воедно ќе биде и последниот заснован модел на „MLB Evo“ механичката платформа, која ја користат актуелните „Audi Q7“ и „Porsche Cayenne“, но и „Bentley Bentayga“ и „Lamborghini Urus“.