14 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПротив IKEA започна даночна истрага

Против IKEA започна даночна истрага

Европската комисија започна истрага за најголемиот синџир за трговија со мебел во светот „IKEA“ и даноците кои ги платила компанијата, соопштија од Брисел. Се сомневаат дека компанијата добила неконкурентна предност од холандските власти преку даночни олеснувања помеѓу 2006-та и 2011-та година.

Истрагата е дел од мерките на Европската комисија против практиките на даночно затајување што ги применуваат мултинационалните компании во заедницата.

„IKEA“ е основана во Шведска, но седиштето е денес во Холандија. Компанијата го смени својот бизнис модел и од 1980-тите почна да развива франшизи. Така компанијата „Iner IKEA“ реално не е сопственик на продавниците, а добива надомест од 3% од приходите реализирани од нив.

Шемата на IKEA да ги спаси даноците. Графикон ЕК

„Сите компании – мали или големи, мултинационални или не, треба да го платат чесно својот дел од даноците“, коментира комесарот за прашањата на конкуренцијата Маргрете Вестагер, цитирана од прес-центарот на ЕК. Земјите од ЕУ не можат да изберат компании и да им нудат повластени услови, категоричена е таа.

Во февруари 2016-та година европските пратеници од партијата на „Зелените“ објавија извештај, според кој „IKEA“ има избегнато даноци во висина од 1 милијарда евра во Европа во последните шест години, соопшти европското издание „Politico“. Компанијата има постигнато со тоа агресивни франшиза структури, плаќања во Лихтенштајн и даночни олеснувања во Холандија. „Зелените“ го предадоа овој извештај на Вестагер.

Ако сомневањата бидат докажани, тоа ќе биде и првиот „европски скалп“ во ременот на Вестагер, која досега се произнесе за неквалификувани даночни олеснувања за „Apple“ и „Amazon“, како и против недозволени практики на „Facebook“ и „Google“ со што се стекна со славата дека не ги обожува американските компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП