3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGucci е осомничен за даночно затајување

Gucci е осомничен за даночно затајување

Италијанскиот производител на луксузни модни производи „Gucci“ , дел од француската групација „Kering“, потврди дека минатата недела биле извршени претреси во нејзините канцеларии во Италија. Судските власти започнаа истрага за сомневањата дека компанијата избегнува данок, објави „Ројтерс“.

Обвинителството на Милан ја обвинува компанијата дека со децении не декларирала активности и на тој начин го оштетила италијанското Министерство за финансии со 1,3 милијарди евра неплатени даноци.

Обвинителите велат дека имаат сведоштво од поранешен вработен кој бил отпуштен. Најмалку три дена во текот на минатата недела од обвинителството правеле претреси во новиот ултрамодерен центар на „Gucci“ во Милано и во други канцеларии на компанијата, тврди италијанскиот весник „La Stampa“.

Ова не е прв ваков случај во италијанската модна индустрија. Во 2013-та година, „Prada“ беше принудена да плати 470 милиони евра на даночните власти во Италија.

Според истиот модел, италијанското Министерство за финансии во последните години добила 318 милиони евра од „Apple“ и 306 милиони евра од „Google“. Во тек се истраги против „Amazon“ и „Facebook “ од истите причини.

Во меѓувреме, „Kering“ објави дека го назначи поранешниот менаџер на „eBay“ Грегори Бут за новосоздадената позиција како главен службеник за клиенти и дигитален бизнис. Ова се случува во време на напорите на компаниите за луксузни стоки да се справи со растечката побарувачка на интернет.

Сопственикот на „Gucci“, „Kering“ во понеделникот изјави дека Бут ќе биде член на Извршниот комитет на групата и ќе сноси одговорност за „развојот на електронската трговија, врските со клиентите (CRM) и управувањето со податоци“.

Онлајн продажбата стана најважниот мотор за производителите на луксузни стоки, со што некои од брендовите на „Kering“ веќе уживаат голем поттик во онлајн продажбата.

Бут поминал неколку години на неколку позиции во „eBay“ и неодамна работи за „start-up“ компании, како платформата за споделување на патувања „Sidecar“ и давателот на онлајн курсеви „Udemy“.

Онлајн продажбата на луксузни стоки се очекува да порасне за 24 отсто во 2017-та година и да достигне скоро 10 отсто од пазарот, според консултантската компанија „Bain“. Исто така, се предвидува дека тие ќе претставуваат 25% од продажбата на луксузни стоки до 2025-та година.

На сличен начин, конкурентот на „Kering“, „LVMH“ во минатата година го ангажираше поранешниот менаџер на „Apple“, Јан Роџерс, да ја развие дигиталната стратегија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП