16 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПромоција на графичкиот роман „Олимпискиот сон“ од Рајнхард Клајст

Промоција на графичкиот роман „Олимпискиот сон“ од Рајнхард Клајст

Во МКЦ Клуб и ресторан вечерва со почеток во 19.30 часот ќе се одржи промоција на графичкиот роман „Олимпискиот сон“ од Рајнхард Клајст, преведен на македонски и на албански јазик, во издаваштво на „Бункер“.

Промотори на графичкиот роман ќе бидат проф. д-р Кирил Темков и д-р Васил Тупурковски, претседател на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Рајнхард Клајст е еден од најистакнатите германски стрип автори од поновата генерација. Роден е во 1970 год. и зад себе има веќе има поголем број графички романи издадени од најреномиранте издавачки куќи во Германија. Добитник е на поголем број награди и преведуван е на голем број светски јазици. Рајнхард Клајст е, на пример, првиот германски стрип цртач кој е објавен во Индонезија. На овие простори до сега е објавен на српски, хрватски и македонски јазик (графичкиот роман „Боксерот“, во издание на „Арс Ламина“).

„Олимпискиот сон“ ја раскажува животната приказна на спринтерката од Сомалија, Самија Јусуф Омар, од заканата од екстремните исламисти (жените не треба да се занимаваат со спорт) во нејзината земја, преку учеството на Олимписките игри во Пекинг во 2008 год., до нејзината трагична смрт, во брод преполн со мигранти пред бреговите на Малта во Средоземното море, следејќи го својот сон – учество на Олимписките игри во Лондон 2012 год. Самија Јусуф Омар имаше само 21 година.

„Се надевам дека оваа книга праведно ќе ја отслика Самија, и дека нејзината приказна ќе ја подигне нашата свест за фактот дека зад вестите во медиумите за бегалската криза, прашање кое мора да биде адресирано, стојат судбини, а зад апстрактните бројки, човечки судбини“, напиша Рајнхард Клајст во предговорот на графичкиот роман „Олимпискиот сон“.

Овој графички роман до сега може да се најде и на англиски, француски, арапски, кинески, словенечки и чешки јазик. Преводот на македонски јазик ќе биде прво објавување на графичкиот роман во регионот.

„Олимпискиот сон“ кој е објавен во 2015 година освои неколку награди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП