26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNissan повлекува 841.000 автомобили

Nissan повлекува 841.000 автомобили

nissan1

Јапoнскиот производител на автомобили „Nissan“ денес објави дека ќе повлече 841.000 автомобили, вклучувајќи ја и популарната „Micra“, поради проблемите со управувачкиот систем.

„Nissan“ ги повлекува автомобилите, од моделите „Micra“ и „Cube“, произведени во Британија и Јапонија помеѓу 2002 и 2006 година, бидејќи една од рачките во системот за контрола не е правилно затегната.

Ќе се повлекуваат автомобилите од Јапонија, Европа, Океанија, Африка и Латинска Америка.

Портпаролката на „Nissan“ Норико Јонејама изјави дека поради ваквата грешка досега не е забележана ниту една сообраќајна несреќа и дека се работи за превентивна мерка. Поправката на еден автомобил се проценува дека ќе трае околу 40 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП