8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS затвора 259 филијали и ќе намали 680 работни места во Велика...

RBS затвора 259 филијали и ќе намали 680 работни места во Велика Британија

Британската банка „Royal Bank of Scotland Group“ (RBS) ќе затвори уште 259 филијали во Велика Британија во следната рунда на заштеди, поради тоа што потрошувачите се повеќе се свртуваат кон онлајн банкарството, објави „Блумберг“.

Филијалите на „NatWest“ и „Royal Bank of Scotland Group“ (RBS) ќе бидат затворени во средината на следната година, што резултира со намалување на околу 680 работни места, соопшти компанијата во петокот. „RBS“ рече дека ќе ги искористи заштедите за да инвестира во својата апликација за паметни телефони, која забележа дека мобилните трансакции растат повеќе од 70 отсто од 2014-та година.

„RBS“, според која 5 милиони корисници ја користат нејзината мобилна апликација, ја намалува дејноста повеќе од една деценија од нејзиното национализирање. Таа најави намалување на 690 работни места и затворање на 180 филијали во март. Неговите конкуренти, исто така, ги пренасочуваат своите клиенти преку интернет, „Lloyds Banking Group“ објавуви дека ќе затвори 49 експозитури во следната година.

„Unite“ – најголемиот британски синдикат, го критикуваше овој потег, велејќи дека тоа ќе доведе до загуба на 1.000 работни места и евентуален крај на банкарските филијали во земјата.

„Оваа банка, финансирана од Британија, треба да се фокусира на инвестирање во работни места тука во Велика Британија, наместо да ги намалува“, рече во петокот националниот директор на „Unite“, Роб Мекгрегор. „Зошто владата се согласува со оваа загрижувачка програма за затворање?“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП