2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSpaceX привлече 100 милиони долари за финансирање

SpaceX привлече 100 милиони долари за финансирање

Компанијата на Илон Муск за вселенски технологии „SpaceX“ привлече уште 100 милиони долари во рамките на новата рунда на финансирање, покажуваат нови документи доставени до регулаторите, пишува „CNBC“.

Во август „Space X“ продала акциите во вредност од 349,9 милиони долари, откриваат документи испратени од компанијата до Комисијата за хартии од вредност и берзите.

Сега износот се зголеми на 449,9 милиони долари со додавање на 100 милиони долари од актуелното зголемување на капиталот, како што се гледа во документите.

Новиот круг на финансирање ја проценува „SpaceX“ на 21,5 милијарди долари, според „Equidate“. Од „SpaceX“ не беа достапни за коментар.

Компанијата на Муск го забрзува лансирањето на своите ракети. „SpaceX“ гради ракети кои ја намалуваат цената на мисиите во вселената, како и го зголемуваат бројот на извршените мисии.

Претходно оваа година претседателот на „SpaceX“, Гуин Шотуел коментираше за „Ројтерс“ дека компанијата има за цел да започне мисија на секои две до три недели.

Но, Муск има повеќе амбиции. Во мај, „SpaceX“ објави дека планира да лансира 4.425 сателити во вселената за да обезбеди брз интернет. Муск планира да го започне овој проект во 2019-та година.

Милијардерот сака да стигне до Марс. Тој веќе ги претстави плановите за „меѓупланетарен транспортен систем“, која ќе може да превезува до 100 лица до „Црвената планета“, за да ја колонизираат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП