28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИStatoil купува средства од Total за 1,45 милијарди долари

Statoil купува средства од Total за 1,45 милијарди долари

Нафтениот гигант „Statoil“ договорил купување на удели во две норвешки нафтени активи од француската „Total“ за сума од 1,45 милијарди долари. Така компанијата го проширува своето присуство во Норвешкиот континентален гребен поради ниските трошоци за производство, кои можат да и овозможи да зајакне синергијата од постоечката инфраструктура во регионот, пренесува „Wall Street Journal“.

Договорот ќе го зголеми уделот на „Statoil“ во областа „Martin Linge“ од 19% на 70%. Според пресметките полето има обновливите ресурси, надминувајќи еквивалент од 300 милиони барели нафта, а производството се очекува да започне во првата половина на 2019-та година и да трае до 30-те години.

„Го користиме оперативното искуство и постоечките договори на „Statoil“, па ќе можеме да реализираме дополнителни можности и синергии од овие средства“, рече Арне Сигве Нилунд, извршен потпретседател за развој и производство во Норвешка во „Statoil“.

Како резултат на купувањето, „Statoil“ ќе ги добие и преостанатите даночни салда со номинална вредност по даноците од над 1 милијарда долари, додава компанијата.

Другото поле – „Garantiana“, има повратен ресурсен потенцијал за меѓу 50 и 70 милиони барели нафта, а идеите за неговиот развој во моментов се проценуваат.

„Statoil“ купи 40 отсто од акциите на францускиот „Total“ во оваа област. Пред договорот, норвешката компанија немаше сопствени акции.

По трансакцијата, „Statoil“ ќе биде оператор на двете средства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП