8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

Лондон сака да се ослободи од дел од своите акции во RBS

Велика Британија планира да го намали државното учество во спасената банка од даночните обврзници „Royal Bank of Scotland“ (RBS).

Државата има намера да ги продаде акциите во текот на следните пет години кои се во вредност од 15 милијарди фунти (16,9 милијарди евра), објави Канцеларијата за буџетска одговорност (OBR) – Британскиот независен фискален орган, цитиран од агенциите.

Од финансиската криза, па наваму 71% од банката се во сопственост на британската држава.

Првиот чекор во намалувањето на акциите на државата, Лондон има намера да ги преземе пред крајот на фискалната 2018/19 година со продажба на акции вредни 3 милијарди фунти на пазарите. Во моментов властите очекуваат да генерираат од учеството во „RBS“ загуба во износ од еквивалент на речиси 30 милијарди евра.

Од почетокот на годината, „RBS“ има намалено околу 2.000 позиции во Велика Британија, со исклучок на најновите податоци од „Unite“. Тоа е околу 3,5% од сите 57.000 лица персонал кон декември 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП