18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent го турна Facebook од Toп 5 на најголемите светски технолошки компании

Tencent го турна Facebook од Toп 5 на најголемите светски технолошки компании

„Tencent Holdings“ го надмина „Facebook“ по пазарна капитализација, претворајќи се во првата кинеска технолошка компанија, која станува дел од петте најголеми технолошки корпорации во светот, пишува „Bloomberg“.

Инвеститорите се насочуваат кон кинескиот гигант во социјалните медиуми, засилувајќи го овогодинешниот раст на цената на акциите до 127% и зголемувајќи ја неговата пазарна капитализација со 292 милијарди долари при затворањето на берзите во вторникот.

Растот годинава го направи основачот на компанијата Ма Хуатон вториот по богатство човек во Кина и и даде поттик на целата берза во Хонг Конг. Операторот на услугата за пораки „WeChat“ сега се проценува на 523 милијарди долари, надминувајќи ја оценката на „Facebook“ од 522 милијарди долари во понеделникот.

Инвеститорите вложуваат дека „Tencent“ може да се потпре на своите над 1 милијарда корисници и блокбастер игри како „Honour of Kings“, за да се стане гигант во рекламирањето и забавата слично на „Google“ и „Facebook“. Компанијата е основана пред речиси 2 децении како веб портал, претворајќи се потоа во еден од најголемите снабдувачи на видео игри. Нејзината водечка улога во кинеските социјални мрежи, сепак води и до проширување на нови пазари како видео стриминг и финансии.

Сепак, порастот на „Tencent“ ги надминува историските проценки. Компанијата сега се тргува на ниво над 50 пати над вредноста на добивката што е над просекот од околу 30 пати во текот на последните две години. Останатите четири компании кои се поголеми од „Tencent“ се „Apple“, „Alphabet“, „Microsoft“ и „Amazom.com“.

Цената на акциите на „Tencent“, која нема ниту еден пресуден рејтинг „продавај“, сега е само со 2,4% под просекот целната цена од 440,64 хонгконшки долари на 36 аналитичари анкетирани од „Bloomberg“, кои во исто време очекуваат акциите на „Facebook“ да поскапат со уште 16% во наредните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП