30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајскапата акција во светот

Најскапата акција во светот

Акциите на „Berkshire Hathaway“, компанијата основана и управувана од Ворен Бафет, денес се најскапите во светот. Вчера е забележано зголемување од 0,22% до 272.005 долари за акција.

Историскиот максимум по позицијата останува од 24-ти октомври, кога беше забележана вредност од 285.950 долари за акција.

До неодамна, сепак, табелата за најскапите акции беше предводена од берзите во Чиле и Аргентина. „Bolsa de Comercio de Santiago“ и „Mercado de Valores Buenos Aires“ сепак остварија сплит, па на сегашните акционери беа поделени по 1.250.000 нови акции за секоја сопственост од нив.

Ова природно, исто така, ја намали вредноста на акциите во истиот сооднос.

Во рангирањето за најскапа јавна компанија „Apple“ ја зазема челната позиција со пазарна оценка од 872 милијарди долари, а зад неа се „Google“/„Alphabet“, „Microsoft“, „Amazon“, „Facebook“ и други.

„Berkshire Hathaway“ моментално ја држи шестата позиција според пазарен рејтинг со 448 милијарди долари.

Во 2000-та година, кинеската енергетска компанија „PetroChina“ беше првата која ја помина границата од 1 милијарда долари за време на своето „ИПО“.

Тогаш компанијата е котирана на берзата во Хонг Конг, но во оценката исто така се вклучени и кациите, кои не се тргувани на капиталните пазари. Седум години подоцна, „PetroChina“ е исто така на листата на берзата во Шангај, со што прави свое двојно преставување.

Денес, капитализацијата на компанијата е околу 200 милијарди долари, или далеку зад технолошките гиганти кои се споменати погоре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП