27 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToshiba ги негира преговорите за продажба на нејзиниот компјутерски бизнис

Toshiba ги негира преговорите за продажба на нејзиниот компјутерски бизнис

Јапонскиот технолошки концерн „Toshiba“ објави дека не се започнати преговори со ниту една компанија за продажба на нејзината единица за персонални компјутери. Со оваа изјава таа ги демантираше гласините кои се појавија во голем број медиуми дека води преговори за продажба на единицата на тајванската „Asustek Computer“, пренесува „Ројтерс“.

Јапонскиот бизнис весник „Nikkei“ напиша дека и кинеската „Lenovo Group“ исто веројатно би имала интерес за единицата за персонални компјутери.

Поради потреба од капитал „Toshiba“ пред извесно време изјави дека сака да го продаде бизнисот со компјутери – дел од нејзиниот конгломерат. Со овој потег таа се обидува да се справи со финансискиот проблеми до крајот на март следната година, за да ја избегне можноста да биде отстранета од берзата.

Претставници на „Asustek“ и „Lenovo“ не беа достапни за коментар.

Бизнисот со персонални компјутери и донесе околу 3,5% од нето приходот на „Toshiba“ за периодот април-септември од 84,1 милијарди јени (747 милиони долари).

Погодена од проблемите кои доаѓаат од банкротот на нејзината американска единица за нуклеарна енергија, „Toshiba“ е во финансиска криза и во септември за 18 милијарди долари го продаде бизнисот со чипови „Toshiba Memory“ на група предводена од „Bain Capital“.

Но многуте конкурентни и континуираниот процес на донесување на одлука за купувачот доведе до момент во кој „Toshiba“ може да не успее да постигне јасност за зделката од регулаторна гледна точка до крајот на фискалната година во март.

Без средствата од продажбата, таа најверојатно ќе ја заврши годината со нето загуба веќе втора година по ред, која ќе и изврши притисок врз берзата во Токио за отстранувањето на фирмата од трговијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП