24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБЕГ воведе електронско плаќање на сметките за парно

БЕГ воведе електронско плаќање на сметките за парно

Компанијата за снабдување со топлина „Балкан енерџи“ ја воведе новата услуга „е-фактура“ со која сметките за потрошена топлинска енергија ќе може да се добиваат по електронска пошта.

Од компанијата појаснуваат дека со користење на оваа услуга потрошувачите добиваат поголема можност за контрола на добивањето, плаќањето и електронското архивирање на фактурите и со неа корисниците на услугите на Снабдување со топлина „Балкан енерџи“ ќе бидат сигурни дека секогаш навремено ќе ги добиваат фактурите за топлинска енергија и ќе имаат можност навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.

„Снабдување со топлина ‘Балкан енерџи’ како одговорна компанија во континуитет сите свои активности ги реализира според принципите за општествена одговорност и грижа за животната средина. Компанијата работи на подобрување на квалитетот на услугата што е во интерес на потрошувачите, но и во интерес на подобрување на квалитетот на животната средина во Скопје“, велат од Снабдување со топлина „Балкан енерџи“.

Услугата е достапна за сите корисници кои ќе пополнат, потпишат и достават формулар-барање директно во најблиската подружница. Формуларот може да се најде на интернет-страницата на Снабдување со топлина „Балкан енерџи“ http://beg-snabduvanje.com.mk или во сите подружници на Снабдување со топлина „Балкан енерџи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП