20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрафик на денот: Најскапите компании во САД во текот на изминатите 100...

График на денот: Најскапите компании во САД во текот на изминатите 100 години

Колку може деловниот свет да се промени за еден век? Премногу, коментираше „VisualCapitalist“.

Изданието користи преглед на „HowMuch.net“, врз основа на податоците на „Forbes“, за да покаже како се развивала листата на 10-те најскапи компании во САД во текот на изминатите 100 години.

1917 – Индустриско доба

Во 1911-та година како „Standard Oil“ на Џон Рокфелер и „U.S. Steel“ на Џеј Пи Морган, кој е формиран од страна на челичната компанија на Андреј Карнеги и други, се соочуваат со антитруст истраги.

„Standard Oil“, која контролира над 90% од целата американска нафта до 1900-та година, е поделена на 34 независни компании по одлука на Врховниот суд. „U.S. Steel“, сепак, држејќи 67% од челикот во земјата, во тоа време успеа да ги избегне антимонополските промени.

Во графиконот кој ги покажува податоци за 1917-та година, може да се види дека „U.S. Steel“ – која се смета за прва компанија во вредност од една милијарда долари во светот – стана лидер во САД врз основа на вредноста на нејзините средства. Во исто време „Standard Oil of N.J.“ (по поделбата на „Standard Oil“) сепак успеа да заврши на третото место на листата.

1967 – Ерата на машините

50 години подоцна, нафтата продолжува да е водечка.

„Standard Oil of N.J.“, кое подоцна беше преименувано во „Exxon Corp.“ во 1972-ра година, е петта по големина компанија во земјата. „Texaco“ и „Gulf Oil“, кои подоцна се спојуваат во „Chevron“ (друга гранка на „Standard Oil“), се исто така меѓу првите 10 компании во проценката на пазарот.

Освен енергетскиот сектор, сепак, на листата од 1967-ма очигледно доминираат компаниите кои прават некој вид машинерија. „IBM“ ги создава првите и најмодерните компјутери, „GM“ е најголемиот производител на автомобили во САД, а „Kodak“ и „Polaroid“ произведуваат фотоапарати. Конгломерот „General Electric“ прави сè од компјутери до мотори за авиони.

2017 – Епохата на интернет-платформите

Денес, 50 ​​години подоцна, платформите како што се „Facebook“, „Amazon“, „Google“, „Microsoft“ и „Apple“ ја презедоа водечката улога и ги окупираа првите пет места во првите 10 најголеми американски компании.

Во исто време, многу од лидерите во 1967-ма година се во опаѓање. „Kodak“ и „Polaroid“ банкротираа, а Sears Canada го објави истото пред само неколку месеци. И од големите имиња во 1917-ма година, само „AT&T“ продолжува да котира, иако тоа не е во првите десет.

Се поставува прашањето што ќе се случи во следните 50 години – и колку имиња на листата денес ќе бидат присутни и од таа во 1967-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП