12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHome Depot ja зголеми прогнозата за добивката и приходите

Home Depot ja зголеми прогнозата за добивката и приходите

Најголемиот американски синџир за производи за дома „Home Depot“ ги зголеми прогнозите за годишната добивка и приходи, објави „Ројтерс“. Ураганите Харви и Ирма ја охрабрија побарувачката на генератори, фенери и материјали за обновување на домот.

Акциите на „Home Depot“ кои поскапеле за 23% од почетокот на годината, остануваат без значителна промена.

Продажбата во продавниците на „Home Depot“, кои се отвориле пред повеќе од една година, расте со 7,9 отсто во третиот квартал, што е над очекувањата за зголемување од 5,9 отсто. Продажбата кај т.н. споредливите продавници (comparable sales) се зголемуваат со 7,7 отсто, што исто така е над очекувањата. Според компанијата продажбата поврзани со ураганите, додале 282 милиони долари кон споредливата продажба.

„Home Depot“ ја зголемува проценетата добивка по трет пат во оваа година – од 7,29 долари до 7,36 долари по акција.

Нето добивката расте до 2,17 милијарди долари, или 1,84 долари по акција, во третиот квартал, завршен на 29-ти октомври. Година порано профитот беше 1,97 милијарди долари, или 1,6 долари по акција.

Нето продажбата расте со 8% до 25,03 милијарди долари. Очекувањата беа за продажба од 24,55 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП