5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКриза? Што е тоа? Burberry се посилен

Криза? Што е тоа? Burberry се посилен

Fashion Met Exhibit Punk

Британскиот моден бренд „Burberry“ минатата година остварил приходи од две милијарди фунти со раст од осум проценти.

Од компанијата наведуваат дека нето профитот, сепак, е помал за три проценти, што е последица на спорот со француската компанија „Interparfums“ околу лиценцата за нивните парфеми, што британската компанија ја чинеше 83 милиони фунти.

Најголем раст на продажбата „Burberry“ забележал на кинескиот пазар, за 20 проценти, а отворени се и нивните продажни ланци во Колумбија, Чиле и Барбадос.

По спорот со „Interparfums“, „Burberry“ покрена сопствено производство на парфеми и ангажираше поголем број на маркетинг експерти кои имаа задача да ја зајакнат позицијата на овој бренд на пазарот.

Акциите на „Burberry“, кој најмногу е препознатлив по мантилот за дожд и ексклузивните палта, денес скокнаа за три проценти на Лондонската берза, со вредност од 15 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП