22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИToshiba изненади со 78% скок во оперативниот профит

Toshiba изненади со 78% скок во оперативниот профит

Јапонската технолошка компанија „Toshiba“ објави 78% профит за вториот фискален квартал, со помош на силните перформанси на единицата за чипови, која неодамна концернот се договори да ја продаде за 18 милијарди долари, објави „Ројтерс“.

Конгломератот кој се бореше со голем број проблеми рече дека оперативната добивка за јули-септември се зголеми на 135 милијарди јени (1,2 милијарди долари) од 76,88 милијарди јени во претходната година.

Ова ја надминува просечната прогноза на пет аналитичари анкетирани од „Thomson Reuters Starmine SmartEstimate“, кој очекуваше да достигне 124,47 милијарди јени.

„Toshiba“, исто така, планира да ги зголеми своите капитални инвестиции во бизнисот со чипови оваа година на 600 милијарди јени во споредба со проектираните 400 милијарди јени, главно за да се забрза инсталацијата на производната линија за мемориски чипови во Јокаичи.

„Toshiba“ ја задржува својата прогноза за оперативниот профит за финансиската година што завршува во март 2018-та година на 430 милијарди јени во однос на просечната прогноза од 12 милијарди јени од 12-те аналитичари.

Компанијата очекува годишна нето загуба од 110 милијарди јени за даноци поврзани со продажба на единицата за мемориски чипови. Ова не влијае на очекуваните придобивки од продажбата, бидејќи сепак треба да бидат одобрени од страна на регулаторите.

„Toshiba“, која очајно има потреба од средства за покривање на трошоците на американската нуклеарна централа „Westinghouse“, во септември постигна договор за продажба на единицата. Таа е втор најголем производител на „NAND“ мемориски чипови. Купувачот е група предводена од „Bain Capital“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП