Пред претставувањето на стратешкиот план подоцна во овој месец, француската банка „Societe Generale“ во петокот ја објави нето добивката за третиот квартал која е под оценките, откако им било потребно да го зголемат износот издвоен за тековните правни спорови, пишува „Financial Times“.
Доверителот забележа 15 проценти пад на нето добивката до 932 милиони долари во третиот квартал, што е под очекувањата на аналитичарите за 1 милијарда евра, покажуваат податоците на „Ројтерс“.
„Societe“ забележа и пад на оперативната добивка од 0,9% до 5,96 милијарди евра во споредба со предвидувања за 6 милијарди евра. Оперативните трошоци се намалиле за 0,4%.
Банката исто трпи удари слични на своите конкуренти поради нестабилната средина, која ги намалила приходите од тргување.
Приходите од делот со фиксен принос, валути и суровини се намалиле за 27% на годишно ниво до 496 милиони евра, а банката за овие резултати го обвини „слабиот пазар, карактеризиран со средина на нестабилноста и слаба активност на инвеститорите“.
Приходите од тргувањето со акции исто така паднаа за 25% на 359 милиони долари, наспроти една година порано.
Француската банка изјави дека нејзините резерви за правни прашања биле зголемени за 300 милиони евра во третиот квартал на 2,2 милијарди евра.
Банката додаде дека „во моментов разговара со властите во САД за да најде решение за двете тврдења“. Според неа, разговорите можат да доведат до договори во наредните недели или месеци.