
На 10. Скопје постер фестивал ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци.


На 10. Скопје постер фестивал ќе гостуваат дизајнери кои ќе остават длабок впечаток кај нашите креативци.
Фестивалот ќе се одржи помеѓу 14 и 25 ноември, со главни настани помеѓу 14 и 19 ноември. Изложбите ќе можат да се погледнат до 25 ноември.
Оваа година Скопје постер фестивалот ќе понуди посебно, јубилејно дизајнерско искуство. Настаните ќе се одвиваат на 5 различни локации. Главна музејска локација – Музеј на град Скопје, забавна програма – „Твинс“, „Брик бар“, ресторан „Фор“. Конференциска локација и место за одржување на работилниците ќе биде хотел „Парк“ и Спа (позади Градскиот стадион).
Работилници за калиграфија и плакати, минимал дизајн, работилница за курирање и пишување критика за дизајн, како и изложби на 10. Скопје постер конкурс, изложба на плакати од минатогодишните победници, специјална изложба од жири-членовите со афтер-забава…се само дел од содржините кои ќе бидат понудени над креативното небо на Скопје.
Отворени се повиците за учество во работилниците и дизајн конференцијата.
Учеството во сите работилници не се наплатува, додека конференцијата од неформален опуштен карактер ќе биде понудена на дизајнерите, креативци индивидуалци и сите уметници и лубители на дизајнот.