3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank бара поголема канцеларија во Франкфурт

Deutsche Bank бара поголема канцеларија во Франкфурт

„Deutsche Bank“, најголемата банка во Германија, е во потрага по канцеларија во Франкфурт која ќе собере 1.600 луѓе по „Brexit“, објави „Bloomberg“, цитирајќи познати извори кои побараа анонимност.

Банката бара простор од 15.000 до 20.000 квадратни метри, каде што може да биде до две години. Ова е доволно простор за 1.200 – 1.600 луѓе.

Плановите за нова канцеларија уште се само на хартија и се дискутира. Не постои конечно решение, а потрагата најверојатно ќе започне во рок од неколку недели. Портпаролот на компанијата засега одбива да коментира.

Франкфурт се јавува како најпопуларна дестинација меѓу банките кои сакаат да ги пренесат операциите од Велика Британија поради напуштањето на Европската унија (ЕУ). „Goldman Sachs Group Inc.“ и „Morgan Stanley“ веќе потпишаа договори за проширување во градот.

Очекувањата се дека во финансискиот главен град на Германија ќе се создадат уште 10.000 места во секторот за финансиски услуги, според прогнозата на лоби групата „Frankfurt Main Finance“.

„Deutsche Bank“ се очекува да премести околу 4.000 вработени во Франкфурт и Берлин поради „Brexit“. Ова претставува речиси половина од персоналот на Банката во Велика Британија.

Побарувачката и изнајмувањата во градот веќе достигна рекордно ниво, поддржани од силниот раст на германската економија и „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП