29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо е осмата жртва на Перез

Мурињо е осмата жртва на Перез

1354524368_extras_noticia_foton_7_1

Изјавата на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез дека португалскиот стратег Жозе Мурињо на крајот од сезоната ќе го напушти „кралскиот клуб“ никого не остави рамнодушен, иако во последните неколку недели се очекуваше ваквиот исход.

Еден од најценетите светски тренери во последнава деценија неуспеа на Реал да му го донесе тоа поради што беше доведен, пехарот во Лигата на шампионите. Трипати беше близу, го доведе тимот до полуфиналето, но повеќе од тоа неможеше. Односно неговите играчи. Вистина во првата сезона го освои Кралскиот куп, а веќе во следната го врати трофејот од Примера во витрините на „Сантијаго Бернабеу“, но третата сезона беше најлоша. Неуспеа да освои ниту еден пехар и правецот беше јасен – излезната врата од Мадрид.

Жозе Мурињо така стана осмата „жртва“ на угледниот бизнисмен на челото на Реал Мадрид. Од кога Флорентино Перез е претседател на „кралскиот клуб“ дури осум тренери продефилираа низ соблекувалната на мадриѓаните. Првпат на чело на клубот Перез дојде во 2000-та година, а во меѓувреме еден мандат имаше Рамон Калдерон. Додека Калдерон беше на власт во две сезони тренери беа Фабио Капело (2006/07) и Бернд Шустер (2007/08), но дури ни шампионските титули неможеа да ги задржат на клупата на Реал.

Перез пак ги дочекуваше и испраќаше Винсенте Дел Боске, Карлош Кеирош, Хозе Антонио Камачо, Марија-Гарсија Рамон, Вандерлеи Луксмебурго, Хуан Рамон Лопез Кара, Мануел Пелегрини и на крајот Жозе Мурињо.

Останува да се види кој ќе биде деветиот тренер кој ќе го донесе Перез, а засега најголеми шанси има италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП