25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТретиот Legoland ќе се појави во САД со инвестиција од 350 милиони...

Третиот Legoland ќе се појави во САД со инвестиција од 350 милиони долари

Третиот тематски парк „Legoland“ во Северна Америка, посветен на популарните шарени детски блокови, ќе биде изграден во државата Њујорк со инвестиција од 350 милиони долари на британската „Merlin Entertainments“, соопшти компанијата во четвртокот, пренесува „Ројтерс“.

Паркот, посветен на една од омилените детски играчки ќе биде изграден во Гоушн, округот Оринџ, на околу 100 километри северозападно од Њујорк во зона со 23 милиони жители.

„Merlin“ која управува атракции како музејот за восочни фигури Мадам Тисо во Лондон, вели дека се планира новиот „Legoland“ да започне во 2020-та година и ќе биде отворен за посети од април до ноември.

Тој ќе биде изграден заедно со хотел „Legoland“ со 250 соби, кој ќе биде отворен во текот на целата година и ќе биде украсен со стотици модели „Lego“ направени од градежните блокови.

Паркот, кој ќе се приклучи на остатокот од Калифорнија и Флорида, се очекува да создаде над 1.000 работни места и 800 работни места за време на изградбата.

„„Legoland New York“ е првиот нов голем тематски парк во северозападна Америка по неколку децении и е лоциран на совршено место за посетители од Њујорк, Бостон и Филаделфија и други места“, рече главниот извршен директор Ник Варни.

„Со 350 милиони долари ова е најголемата инвестиција во еден парк досега и нашиот трет „Legoland Park“ во Северна Америка – најголемиот пазар на тематски паркови и брендот „Lego““, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП