3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДомашни енергетски плочки од три состојки!

Домашни енергетски плочки од три состојки!

Доколку ова досега не сте го направиле, тогаш морате да го подготвите овие денови, едноставно е, трае долго, евтино е и супер здраво! Особено вие кои внимавате на внесот на слатки, а тие тотално ви недостасуваат.

Подготовката е едноставна, а состојките кои ги бара рецептот освен што се здрави, тие исто така се и одлични сојузници во борбата за фит тело. Дефинитивно подобро и поисплатливо решение од купечките енергетски плочки.

Оригиналниот рецепт има суво грозје, бадеми и урми, каде последните две состојки се основни, додека сувото грозје можете да го замените со друго суво овошје.

Авторот на рецептот вели дека можете да додадете какао, цимет, парчиња црно чоколадо или кокос.

Грицкањето на суво грозје го контролира чувството на глад и ги прави луѓето посити. На тој начин се спречува прекумерен внес на калории и се продолжува чувството на ситост.

Освен што го намалуваат холестеролот, бадемите се супер намирница доколку внимавате на линијата – исто така ја намалуваат желбата за храна, но и градат мускули. Урмите се претставени како идеален меѓуоброк кој ќе ви обезбеди доволно енергија за остатокот од денот, а поради широката содржина на различни есенцијални нутриенти, како и поради многуте позитивни учиноци на здравјето, урмите можат да се сметаат за речиси идеална храна.

Подготовка

Подготовката е многу едноставна. Сите три намирници во исти количини ставете ги во блендер и оставете го апаратот да работи околу 30 секунди. Потоа смесата истресете ја на пластична фолија и обликувајте форми по желба (коцки, топчиња, тријаголници…)

Плочките чувајте ги во фрижидер, а рокот на траење не треба да ве загрижува, бидејќи можат да траат и до неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП