3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКонкуренцијата во видео сегментот ги погоди резултатите на „AT&T“

Конкуренцијата во видео сегментот ги погоди резултатите на „AT&T“

Финансиските резултати на американската телекомуникациска компанија „AT&T“ за кварталот не успеаја да ги исполнат очекувањата на „Wall Street“, откако вториот по големина мобилен оператор во САД загуби претплатници на своите видео услуги поради традиционалните и онлајн конкуренти во областа на телевизијата, како и заради помалиот бројот на корисници кои ги обновуваат своите уреди поради очекуваното претставување на „Apple iPhone X“, објави „Ројтерс“.

Битката за растечкиот пазар на понуда на видео забава на смартфони станува се поважна, додека „AT&T“ доживува одложување и се бори со лидерот на пазарот „Verizon Communications“ и помалите конкуренти „Sprint“ и „T-Mobile US“ за клиенти на се повеќе заситениот пазар на мобилни оператори.

Компанијата е во процес на купување на „Time Warner“ за 85,4 милијарди долари, во обид да се претвори во нова медиумска сила која ги обединува мобилните услуги со видео содржини. „AT&T“ тврди дека очекува договорот да биде завршен до крајот на годината.

Операторот кој ја поседува сателитската телевизиска услуга „DirecTV“, изјави дека изгубил 89.000 видео претплатници во САД во кварталот, што е малку под 90.000, кои ги посочи претходно во документ овој месец до регулаторите. Причината за падот е силната конкуренција на традиционалните плати-ТВ и онлајн пазарот, како и влијанието на неодамнешните урагани.

Во истиот документ „AT&T“ предвидени и со 900.000 помалку купувања на нови телефони спрема година порано, што влијаело негативно на нејзините приходи од мобилни уреди.

Аналитичарите велат дека многу луѓе чекаат до четвртиот квартал кога „Apple iPhone X“ ќе биде на пазарот.

Во кварталот, „AT&T“ изгуби 97.000 претплатници кои плаќаат месечна претплата за своите услуги, во споредба со 268.000 изгубени пред една година порано. Па аналитичарите на „Well Fargo“ очекуваа нето загуба од 100.000 претплатници

Во исто време, компанијата објави нето профит од 3 милијарди долари, или 49 центи по акција, за кварталот кој заврши на 30-ти септември. Ова е под 3,3 милијарди долари или 54 центи по акција, во текот на истиот период од претходната година.

Со исклучок на некои предмети, компанијата заработи 74 центи по акција. Врз основа на ова, аналитичарите очекуваа просечна заработка од 75 центи по акција, според „Томсон Ројтерс I/B/E/S“.

Приходите на операторот достигнаа 39,7 милијарди долари, подолу од претходната година претходно 40,9 милијарди долари. Просечната прогноза за аналитичарите беше 40,1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП