6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair: Рекордна добивка и покрај трошоците

Ryanair: Рекордна добивка и покрај трошоците

ryanair1

Нискобуџетниот авиопревозник „Ryanair“ изјави дека забележал рекордна добивка за цела година и зголемени приходи и покрај зголемените трошоци за гориво, пренесуваат британските медиуми.

Во фискалната година која заврши на 31 март добивката по оданочувањето е зголемена за 13 проценти, на 569 милиони евра. Приходите се зголемиле пет проценти, на 4,88 милијарди евра, објави BBC.

Компанијата во споменатиот период превезе 79,3 милиони патници, што е за пет процени повеќе од претходната фискална година, а отвори и 217 нови линии и сега поседува 1.600 линии.

Трошоците за гориво се зголемија за повеќе од 290 милиони евра и сега сочинуваат 45 проценти од вкупните трошоци, напоменуваат од компанијата.

Извршниот директор Мајкл Лери оцени дека 13-процентниот раст на добивката и 5-процентниот раст на приходите и покрај високите цени на нафтата во текот на европската рецесија го потврдуваат успехот на моделот „Ryanair“ за ултраниски цени.

Компанијата за оваа година предвидува нето добивка во опсег од 570 до 600 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП