3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНе е мит – моделите на „Toyotа“ навистина се најсигурни

Не е мит – моделите на „Toyotа“ навистина се најсигурни

Годишниот извештај на американскиот „Consumer Reports“ покажува дека од 10 најсигурни нови модели на тој пазар, дури 7 имаат излезено од фабриките кои се во сопственост на „Toyota“.

Меѓу 10-те најсигурни модели се „Toyotа Prius C“, „Prius V“, „RAV4“ и „GT86“ (кој е развиен во соработка со јапонскиот производител „Subaru“), како и три модели од премиум брендот на „Toyotа“, „Lexus“.

Интересно е дека во првите десет уште има уште еден модел на јапонска компанија – „Infiniti Q70“, како и еден од Јужна Кореја – кросоверот „Kia Niro“, додека на листата се најде само еден европски (германски) автомобил, „Audi Q3“.

Во „топ-тен“ не влезе ниту еден модел на некоја од американските авто-компании.

Погледнете ја ранг листата на најсигурни 10 возила според „Consumer Reports“:

1. Infiniti Q70 (луксузна лимузина од премиум брендот на „Nissan“)

2. Toyota Prius C (помалата верзија на хибридната „Toyotа Prius 3“ генерација)

3. Toyota Prius V (продолжената верзија на хибридната „Toyotа Prius 3“ генерација)

4. Lexus IS (компактен седан од премиум брендот на „Toyotа“)

5. Toyota RAV4 (компактен „SUV“)

6. Audi Q3 (компактен „SUV“)

7. Lexus GS (луксузна лимузина од средна класа од премиум брендот на „Toyotа“)

8. Lexus ES (луксузна лимузина од средна класа од премиум брендот на „Toyotа“)

9. Toyota GT86/Subaru BRZ (спортски модел настанат во соработка на два јапонски производители)

10. Kia Niro (поткомпактен кросовер)

Во годишното истражување се опфатени околу 640.000 автомобили во САД, а ранг листата е направена врз основа на проблемите кои ги имале сопствениците со своите нови возила во текот на последните 12 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП